450
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната комисиска расправа за уставни измени упати неколку прашања кон членот на ДУИ, Џеват Адеми. Димовски говореше за излезеноста на референдумот на 30-ти септември и тој во 2004-та година.
„Немојте да го ставаме ВМРО на другата страна. ВМРО е првата организација која ги промовира идеите за престројување со западниот свет. Цената не ја плаќате вие како Џеват Адеми, ја плаќа Илија Димовски, Зоран Заев. 250 илјади Албанци гласале а само 300 македонци дадоа верификација на овој Договор со Грција. Референдумот од 2004 година имаше 95 отсто за, овој сега има 91 посто за.
Дали сте подготвени да го поништите Законот за јазици?“, истакна Димовски.