Димовски ја посоветува Владата како да ги носи уставните измени

by Fokus

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со совет до Владата како да го спроведе процесот на уставните измени. Тој смета дека е неуставно да се формира работна група надвор од Собранието и дека таквата работна група нема да има легитимитет.

„Неуставна “уставна” работна група…
Во оваа фаза, непотребно е, а и не е предвидено ниту со Уставот на Република Македонија, ниту со Деловникот за работа на Собранието било каква експертска или работна група за пишување уставни амандмани…
Тоа што го прави Министерство за правда е превземање на надлежност од Собранието и тоа во време кога не смее ниту Собранието да превзема активности за пишување на некакви амандмани…
Единствено што смее и може да направи Владата е да достави пишана иницијатива за започнување на постапка, но не и амандмани…
Доколку Собранието со 2/3 мнозинство ја одобри таа иницијатива, после позитивна препорака од собраниската Уставна комисија (чиј Претседател секогаш бил Претседателот на Собранието на Република Македонија), дури тогаш во оваа држава смеат да се пишуваат уставни амандмани…
Се друго е злоупотреба на службена должност, правен хазард, трошење буџетски средства и политичко силување на цел еден народ…“, пишува Димовски.

Поврзани новости