Димовски ја изгуби довербата во Џафери и ја напушти седницата, Собранието го огласи именувањето на нов јавен обвинител

by fokus

Собранието на пленарна седница изгласа објавување на оглас за нов јавен обвинител со 61 глас „за“. Гласаа само пратениците од парламентарното мнозинство, додека народните избраници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.

Координаторот на една од пратненичките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара 30 секунди од собранискиот спикер, Талат Џафери, за овие пратеници да излезат од собраниската сала. Пратениците од оваа коалиција одбиваат да присуствуваат на седниците кога сите пратеници на парламентарното мнозинство не се присутни во салата, за да не обезбедат кворум.

-Џафери ми даде човечки збор дека ќе обезбеди присуство на парламентарното мнозинство пред да ја започне седницата. Ова е изигрување, кое се надевам нема да се повтори од страна на Џафери. Да ја зачуваме довербата меѓу нас, го повлекувам правото на пауза – рече Димовски и заедно со пратениците од оваа коалиција ја напуштија салата по што следеше гласањето.

Поврзани новости