Димовски: Имаме 10 пратенички групи поради лошиот однос на власта кон нас

by Fokus

Сакам да потенцирам дека одлуката ВМРО-ДПМНЕ да има 10 пратенички групи е последица на однесувањето на парламентарното мнозинство, Владата, Талат Џафери, тврди Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Прво Владата е пред склучување договор со Бугарија, а сме игнорирани, иако и премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров бараа инклузивност. Владата изготви некаков план 3-6-9 за забрзување кон ЕУ, без никакви консулации од опозицијата. Трето добивме информација од медиумите дека  Владата е пред изготвување на ребаланс и било пракса министерот за  финансии да не е во редовна комуникација со претседателот на Комисијата за буџет и финасирање – истакна Димовски.

Според него, негативниот однос на СДСМ ги натерало да формираат 10 пратенички групи.

– Дадовме простор од 40 дена  да се свестат, но ништо. Сакаме да упатиме добронамерна порака кон владејачкото мнозинство затоа што најавите и говорите за инклузивност засега се само обланда, убаво спакувани зборови беа никакви дела“, рече Димовски.

Поврзани новости