Кажете ми што ќе стави на гласање претседателот Талат Џафери, кога Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања не донесе одлука за имунитетот на Трајко Вељаноски, истакна вечерва пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако се држи до словото на Деловникот и до воспоставената правна пракса господинот Џафери треба да ја донесе ситуацијата до иронија и да каже: „Го ставам на гласање фактот дека комисијата не зазема став по барање за одобрување на притвор“. Ако се гласа „ЗА“, не знам што значи, истото не би знаел што ќе значи гласот „против“, рече Димовски.
Неговиот колега, Антонијо Милошоски, пак рече дека обвинителството е продолжена рака на извршната власт предводена од СДСМ.
-Секој од опозицијата кој се дрзнал да не поддржи двотретински проект на владата, од самиот старт се виновни само прашање на време е кога ќе биде покренато обвинението“, рече Милошоски.
Тој исто така истакна дека случајот со Вељаноски е политички монтиран, а меѓу другото, како што рече, тоа се гледа и по тоа што дури сега се врши истрагата. Милошоски додаде дека истрагите се за дефокусирање на неисполнетите ветувањата од партијата на власт спрема граѓаните.