Димовски да биде повлечен, АНБ дала позитивно мислење за државјанство на лице на црна листа на САД, бара ВМРО

by fokus

Директорот на Агенцијата за национална безбедност не заслужува да биде амбасадор во Франција, АНБ на чие чело е Димовски, дала позитивно мислење на проверка за државјанството на лице на црна листа на САД, бара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки откако беше обелоденето дека Олександар Онишченко, поранешен украински пратеник, бизнисмен и спортист, добил државјанство на С Македонија и покрај тоа што неговата земја го бара со потерница за корупција и поради тоа што Соединетите Американски Држави го санкционирале поради ширење руско влијание на претседателските избори.

-Трагедија е за една држава која претендира да биде демократска, да дозволи самоволието, неспособноста и сомнежите за криминализираност на директорот на Агенцијата, Виктор Димовски да бидат фактори од кои ќе зависи националната безбедност, но и меѓународниот углед на државата.

Последниот скандал со изработка на позитивна проверка за лице за добивање државјанство, а кое било барано со потерница и е ставено на црна листа на стратешкиот сојузник – САД, само потврдува дека АНБ е во целосен нокаут и дека криминалот е длабоко навлезен во структурите.

После скандалите што се случија во Агенцијата за национална безбедност којашто ја предводи партискиот кадар Виктор Димовски и кого МНР го предложи за Амбасадор во Франција, мора да има преиспитување на оваа одлука и истата да биде повлечена, бара Ковачки.

Поврзани новости