1.4K
„Во врска со ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка. Морам да ги разочарам и да кажам дека оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра“, рече Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на денешната прес-конференција.
Како што истакна таа, опозицијата се плашела затоа што Димова ќе ги избришела податоците, но директорката додаде дека такво нешто не е можно.
„Нека не се тревожат, системот во Брисел е таков што сите податоци се запишуваат автоматски, таму нема бришење“, рече Димова.