Димковски: Исплатени се 85 милиони евра за субвенции, ќе се градат 3 откупни центри

by Фокус

Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски на Топ тема на Телма.

-Нема кратење на буџетот за субвенции и тие се исплаќаат редовно. Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за сервисирање на заостанати обврски и прво што ќе се исплати ќе биде дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети, како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд – истакна Димковски.

Тој потенцираше дека Министерството со Светска банка работи на голем проект за модернизација на земјоделство со кој, како што рече, ќе се изградат три откупни центри – два помали и една агрофуд-платформа која ќе биде лоцирана во Скопје.

Поврзани новости