Димитровски: Се плашат дека и пратеници од СДСМ нема да гласаат за уставни измени

by Fokus

Зоран Димитровски – генералниот секретар на Демократски сојуз Зоран Димитровски на Канал 5 за неговите очекувања од утрешната пленарна седница за уставните измени рече дека не очекува дека предлогот за отворање на Уставот воопшто ќе биде ставен на гласање, поради тоа што владејачкото мнозинство се плаши да види дека имало и пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за отворање на Уставот.

Според него, првата фаза од собраниската процедура за промена на Уставот ќе се одолговлекува.

Димитровски порача дека „еден од клучните услови Демократскиот сојуз да поддржи промена на Уставот е Бугарија да прифати да ги спроведе пресудите од судот во Стразбур и да ги прифати македонските здруженија“.

„Ако за Бугарија е ситница и не е голема работа промената на македонскиот Устав за внесување на Бугарите, тогаш уште поголема ситница е Бугарија да ги прифати примени пресудите од Стразбур и да ги прифати македонските здруженија. Ние уште од почетокот говориме дека тоа е еден од условите и Демократскиот сојуз да гласа за внесување на Бугарите во Уставот“, рече Димитровски.

Поврзани новости