Димитровски: Понудата на премиерот не е искрена, излез од овој ќорсокак се предвремени парламентарни избори

by Fokus

„Понудата на премиерот не е искрена. Идејата на премиерот е фактички да посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака само да дојде на власт, и дека ништо друго не го интересира. И ете сега се расфрла со функции во смисла еве и премиер сум спремен да ви дадам. Позицијата премиер, фактички позицијата составување на Владата се добива на избори, а изборите се за една година можеби за помалку од една година пред нас, ако нема и предвремени избори така што нема што премиерот да се расфрла со функции“.

Ова го истакна Зоран Димитровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека лидерската средба беше изнудена и задоцнета.

„Ковачевски пред неколку месеци говореше дека нема што тој да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. И Ковачевски одбиваше лидерска средба со идеја дека тој знае како да обезбеди 80 пратеници за 2/3 мнозинство за изгласување на уставните измени. И кога виде не може така да функционира и кога се обиде на сите можни начини меѓудругото и со разузнавачки подземни трикови и служби да стигне до 80 пратеници виде дека тоа не функционира. И на крај премиерот се обрати до ВМРО-ДПМНЕ, она што требаше да се случи според мене пред францускиот предлог“, заклучи Димитровски.

Посочи дека вистинскиот дијалог помеѓу Ковачевски и Мицкоски требаше да се случи пред францускиот предлог. Според Димитровски, решение за излез од овој ќорсокак се предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости