Синот на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк бил на свој трошок, односно платил во кеш за патот и престојот, вели претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, во интервју за 360 степени.
-Од документацијата која ја имаме добиено, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето издадена е фактура со потпис и печат дека е платено во готово и истата гласи на физичкото лице, вели Димитровска.
За тоа дали е сигурна во веродотојноста на документите што ги добиле, претседателката на Антикорупциска рече:
-Уште еднаш ќе повторам дека го потврдивме начелото на законитост односно дали средствата од државниот буџет или средставата на граѓаните се потрошени за приватни цели. Од целокуната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на прмеирот.