964
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров е позитивен на корона вирус. Тој ова го објави на неговиот Фејсбук профил.
-Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!, напиша вицепремиерот за европски прашања во својата објава.