Димитров: Загрижувачки е впечатокот за состојбите во Националната агенција за европски образовни програми

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вечерва на Фејсбук објави реакција за случувањата во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

-Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки. Итно е потребно целосно расчистување на овој случај.
Мора да се истражат сите наоди и да се открие целата слика, оти за државата само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници – а тоа е кога во тие сомнежи би имало вистина, смета Димитров.

Поврзани новости