Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во вечерашното гостување на телевизијата „1ТВ“ изјави дека предлогот „Република Илинденска Македонија“ бил утврден на министерско ниво на средбите со неговиот колега Никос Коѕијас, пред за опцијата да разговараат и премиерите.
За средбите со Коѕијас, македонскиот министер рече дека неретко се расправаат на преговорите, но секогаш се разделуваат пријателски.
-Нема министер со кој се гледам почесто. Сега повторно ќе се сретнеме оваа недела во Њујорк – рече тој.
Предлогот „Република Илинденска Македонија“, додаде Димитров го зајакнува идентитетот.
-Илинден го има во двете преамбули на Уставот. Тоа се двата столба на нашата државност и тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија – рече тој и додаде дека Заев и Ципрас имаат цврст однос и сакаат ова прашање да се реши.