452
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека во преговорите за името мора да се заштитат две работи:
-Прво, мора да биде заштитен идентитетот и јазикот на Македонија. Грција пак, бара да се направи разлика и раздвојување на нашата држава Македонија и провинцијата Македонија, која е дел од Грција, рече Димитров.
На прашањето на скала од еден до десет колку е оптимист дека наредната година ќе се реши спорот, Димитров одговори: Јас сум оптимист со грижи.