Димитров за нон-пејперот: Начинот и формулациите ми личат на балканска ујдурма

by Fokus

Нон-пејперот го добив од новинар каде што ми беше поставено и прашањето дали е ова вистина. Првиот впечаток ми беше дека тој документ е многу далеку од ралоноста и свртев неколку телефони да не остане само на моeто чувство , јасно е дека се прави некоја игра вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервјуто за Утрински брифинг.

На прашањето зошто токму сега се пуштаат вакви „пробни балони“, Димитров вели дека тоа се шпекулации.

-Бугарија е пред избори, кај нас се локални, можеби е домашана ујдурма малку да се подзоврие таа тема, можеби за политички поен. Меѓутоа тоа се шпекулаци начинот и формулациите ми личат на балканска ујдурма. Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика.  рече Димитров.

Наводниот нон-пејпер пред неколку дена беше објавен од ТВ Клан и пренесен од повеќе медиуми, а за истиот се огласија и од Владата и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

-Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ. Ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Од Владата, пак, на прашање од државната агенција МИА дали во оптек е нов нон-пејпер, одговорија дека официјален е само предлогот претставен за време на португалското претседателство и оти тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни.

 

Поврзани новости