Мора да ставиме крај на овој тренд на бескрајна партизација во јавниот сектор, вели поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи, Никола Димитров за извештајот на за напредокот на земјава којшто го објави Европската комисија.
-Кај јавната администрација се нотира доцнењето на големите законски проекти, крупните реформи коишто во основа значат натпревар на способни, а не на партиски војници и воведување на овој натпревар и за високи државни позиции во јавниот сектор. Тој закон долго време се зборува го најавуваме, работиме на тоа, ама уште не е во сила. Очигледно е важна работа, знаеме дека мора да ставиме крај на овој тренд на бескрајна партизација во јавниот сектор, рече Димитров во гостување на ТВ 24.
-Кај борбата против корупцоја се вели дека се имплементира стратегијата за реформи во правосудствоот, но се вели дека требаат поголеми напори во конфискацијата на имотот, финансисксиот криминал и гонење на висока корупција, рече Димтров.
Според него, процесот на проширување на ЕУ стана како „дупли бел“, земјите членки глумат дека се заинтересирани, а земјите кандидати глумат дека испорачуваат.