Димитров за „ФАЦ“: Власта мафта со европското знаме за да ја прикрие корупцијата!

Мене ми е фрапантно што имаат полна уста со ЕУ, а првиот и основен столб на европската интеграција е расчистување со корупцијата. Груевски мавташе со македонско знаме да ја прикрие корупцијата, оваа власт мавта со европско знаме за да го прави истото, вели тој.

by Фокус

Во текстот „Корупција во името на ЕУ“, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ги наведува измените во Кривичниот закон од септември годинава, со кои беа укинати или намалени казните за злоупотреба на службената должност. Притоа, „ФАЦ“ го цитира и поранешниот министер и основач на „Солуција“, Никола Димитров, кој вели:

„Мене ми е фрапантно што имаат полна уста со Европската Унија, а првиот и основен столб на европската интеграција е расчистување со корупцијата. Груевски мавташе со македонско знаме да ја прикрие корупцијата, оваа власт мавта со европско знаме за да го прави истото“.

Инаку, германскиот весник го споменува и серијалот на неделникот „Фокус“ за скопската Клиника за Онкологија, врз основа на кои беше покрената предистрага за препродажба на лекови за болните од рак. Како што пишува „ФАЦ“, се работи за скандал.

„Луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за популарни стандарди. Според откритијата, кои сега ги истражува судството, од најважната Клиника за онкологија во земјата очигледно систематски биле украдени скапи лекови за рак и се продавале на црниот пазар“, пишува „ФАЦ“.

Написите на „Фокус“ за Онкологија се најдоа во германски „ФАЦ“: Скандалозно и за популарни стандарди!

Поврзани новости