559
Под мотото „Возиме сите напред кон Европската унија таму каде што припаѓаме“ носителот на пратеничката листа на СДСМ во првата изборна единица, заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата „Можеме“, возеа велосипеди низ.
-Државата ни полни 29 години оваа година. Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со Европската унија. Имаме огромна шанса и имаме намера да ја зграпчиме, да ја искористиме. Во среда, 15 јули вие одлучувате дали ќе одиме напред. Од едната страна имаме напредок, од другата страна имаме враќање назад и буквално пустош и катастрофа – истакна Димитров.
На граѓаните им порача да излезат и да гласаат, и да дадат, како што рече, правец каде сакаат да оди нашата Македонија.