Димитров во Ватикан се сретна со монсињор Пол Ричард Галагер

by Fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој престојува во работна посета на Ватикан, денеска се сретна со својот домаќин, секретарот за односи со државите монсињор Пол Ричард Галагер.

Како што соопшти македонското МНР, во фокусот на разговорите биле перспективата на билатералните односи кои повеќе од две децении се одраз на пријателство, меѓусебна почит и нераскинливи историски врски преку важни личности и настани.

Во таа насока, е констатирана проактивната улога на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи и нејзиното искуство во негување на разноликост и соживот.

Поврзани новости