Димитров: Во разговорот со латвискиот амбасадор не се спомена ниту „Р“ од „Рекет“

by Фокус

Имав разговор со нерезидентниот амбасадор на Латвија минатата година и изразив незадоволство што нивниот почесен конзул бил споменуван во истрага, но не разговаравме за случајот кој го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Канал 5.

-Толку беше, не се спомена ниту Р од „Рекет“. За аферата разбрав некаде во јуни месец, кога веќе била отворена предистрагата од надворешен фактор. Важно е што има судска развршница, што има фокус во јавноста, но важно е и тој случај да не направи да ги заборавиме сите случаи од индициите за криминал од прислушуваните разговори – рече Димитров.

Тој додаде дека ќе биде фокусиран на државните интереси, односно, како што рече, на Европската Унија.

-Мислам дека евопрските интеграции се цел за 80 отсто од народот и дека сите партии ја имаат ЕУ во кампањите и програмите. Домашните ситуации мора да бидат во втор план, дали имаме или немаме избори, бидејќи важно е да останам фокусиран на Европа. Немам размислувано што после, во секој случај ќе бидам како случаен политичар кон страната која ќе продолжи по вистинскиот пат – порача Димитров.

Шефот на дипломатијата посочи дека целта на МНР е да продолжи со дипломатска офанзива.

Поврзани новости