524
Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик, вели министерот за надворешни, Никола Димитров, по дводневниот престој во соседна Бугарија оваа недела, пренесува телевизија 21.
Шефот на македонската дипломатија додава дека Договорот за добрососедство е составен врз основа на Декларацијата потпишана меѓу Скопје и Софија во 1999 година, во која се наведува македонскиот јазик.
Новиот договор, според него, ќе значи унапредување на документот. Димитров е оптимист дека ќе се најде и решение за проблемот со малцинствата во двете земји.