Димитров во Белград ќе зборува за очекувањата од Самитот во Словенија

by Fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

-Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум, на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.

Поврзани новости