581
Изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека власта е виновна за недобивањето на датум за преговори се политичка дрскост, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи за доближување на Македонија до Евроспката Унија и НАТО, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната собраниска комисија за европски прашања, која ја напуштија опозициските претставници.
-Вакви изјави доаѓаат од луѓе кои никогаш подалеку не нѐ однеле, кои нѐ закопаа и тапкаа за да не можеме да излеземе од таа состојба. Ќе ми биде срам да сум на нивно место и да зборувам за ЕУ – рече Димитров, додавајќи дека потребно е да се донесе Законот за јавно обвинителство.