Референдумот е политичка легитимација на правецот по кој ние мислиме дека треба да одиме смета министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на денешната тркалезна маса „Евроатлантска иднина за Македонија?” изјави дека е убеден дека референдумот ќе успее.
„Ние секогаш кога имаме крупна историска крстосница избираме мудро и мислам дека така ќе биде и во овој случај. Успеавме да затвориме еден спор што не’ влече назад три децении и да ги отвориме вратите кон иднината. Се работи за нашата стабилност и безбедност, за нашата финансиска благосостојба и за пристап до најдобрата алатка за реформа што постои, а тоа се пристапните преговори со ЕУ. Решението е тука, до сите нас како граѓани е да одлучиме дали ќе одиме напред кон иднината и интеграциите или ќе одиме назад кон изолација“ – истакна Димитров.
Министерот за надворешни работи смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има одговорност чесен однос кон граѓаните.