Димитров: Влогот е голем, но ајде да си ги задржиме младите дома…

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната прес-конференција, порача дека Македонија конечно го најде патот до НАТО и ЕУ, а изборот ќе остане на пратениците во Собранието.

„Сите политички партии кажаа дека иднината на Македонија ја гледаат во НАТО. 84 % од граѓаните иднината ја гледаат во НАТО. Кончено го најдовме патот. Грција ја деблокираше поканата, подготвивме програма за продолжување на реформите. Оваа програма ја предадовме на земјите членки и таа програма ќе биде дебатирана. Ние си ја преземавме одговорноста, ја тргнавме пречката. Сега процесот е во Собранието на РМ. Влогот е огромен. Македонија е тука да остане во овие граници и да инвестираме во безбедноста и во условите за економски раст.

Ќе влеземе во НАТО како Македонци и отвораме пат да почнеме преговови со ЕУ. Нема друг пат. Мора да бидеме пријатели со земјите што се на масата. Ние сме сега надвор. Дали НАТО ќе биде заинтересирано во следната прилика? Во каква кондиција ќе биде нашата Македонија? Тоа е изборот на пратениците во Собранието. Мнозинството на граѓаните кои сакаат да одлучат, речиси 94 % е „за“. 27 години поминаа, ајде сите заедно да го затвориме ова поглавје. Да си ги задржиме младите дома“, истакна Димитров.

Поврзани новости