Димитров: Владата не презема ништо да ја ублaжи енергетската состојба

by Fokus

По најавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека од следниот месец ќе се прогласи кризна состојба се со цел ЕСМ со 100-те милиони евра од ЕБОР да набавува мазут и јаглен реагира професорот по енергетика Константин Димитров на надежта од владата дека земјите нема да забранат извоз на струја, а дома ќе проработеле сите капацитети, за да нема рестрикции на струја.

Професорот по енергетика Константин Димитров за Канал 5 вели дека домашните капацитети се во лоша состојба и се помалку произведуват електрична енергија, па најавите дека допрва ќе се набавуваат енергенси ги смета како несериозни.

– Јас како граѓанин не се чуствувам безбеден, сум загрижен дека и покрај верувањата на Владата нема да е се мазно. Доколку нема од кај да се купи, ако има блокади на границите епа можни се рестрикции. Ако не сме купиле досега, не сме направиле долгорочни договори ќе купиме, ќе имаме проблеми – изјави за Канал 5 Константин Димитров, енергетски експерт.

Димитров обвинува дека не се прават долгорочни договори за купување струја поради, како што вели, профит.

– Владата ништо не презема, ама им одговара на некои трговци со електрична енергија колку е повисока цената на електричната енергија толку е зголемен нивниот профит процентуално. Зошто да купува нешто што е 200 евра ако може да го купи 500 евра и само 10 посто ќе му биде маржата, 10 посто на 200, или 10 посто на 500 видете која е разликата на трговецот. А се оформија некои на татини дечиња фирми за трговија со електрична енергија ќе има тука пари, ќе течат. Јаглен ќе сме купеле, од каде рекоа? Албанија и Косово – ЌЕ! Кога ќе го транспортираат – прашање? Од каде и како? Јас мислам тие патиштата се моментално се во фаза на реконструкција, надградба, тешко. Требало да се почне навреме. Ние во Македонија имаме редовно, еве и денеска и вчера едно 25 до 30 проценти увезуваме електрична енергија. Од каде ќе купиме електрична енергија при недостаток зимоска. Тоа с еправи договор на година-две, па да си сигурен дека ќе ти испорачаат – вели тој.

Поврзани новости