Димитров: Убеден сум дека македонскиот и бугарскиот народ сакаат да бидат блиски!

by Fokus

Со оптимистички гледишта е вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на несогласувањата со нашиот сосед, Бугарија.

Тој во гостувањето на „Студио 10“ на ТВ 24 смета дека двата народи сакаат да бидат пријатели, а Гоце Делчев треба да не зближува.

„Убеден сум дека и македонскиот и бугарскиот народ сакаат да бидат блиски. Ние имаме многу легитимно очекување во Европа – нашите соседи да го почитуваат нашето достоинство и да се изјасниме кои сме и на каков јазик зборуваме. Гоце Делчев треба да не поврзува, а не раздалечува“, истакна Димитров.

Поврзани новости