Димитров: Тоа што „ЗА“ гласале над 600.000 граѓани е очигледен политички мандат Македонија да оди напред!

by fokus

За министерот Никола Димитров референдумот е успешен, бидејќи, како што вели, „ЗА“ гласале над 600.000 граѓани.

-Ако од над 650.000 граѓани, над 600.000 гласале ЗА тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше 1 милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот ќе беше јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!, напиша министерот на фејсбук.

Поврзани новости