Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во парламентот изјави кон Договорот со Грција не треба да се гледа само како кон цел за одење напред кон ЕУ и НАТО, туку треба да се гледа кон аспектот на идентитетските прашања.
– Ние практично предизвиците за македонското прашање, за идентитетот на Македонците и на македонскиот народ и дека зборуваме македонски јазик го затвораме со овој договор, укажувајќи дека нашата држава Македонија не е целиот регион и се наоѓа во северниот дел, ама тоа не не прави помалку Македонци и помалку Македонија – изјави тој.
Министерот Димитров воедно порача дека не постои проблем во Преамбулата на Уставот да се наведат сите правни, државотворни и правни одлуки, но, како што рече тој, има проблем со политичките декларации од тоа време, кои, според него, не соодветствуваат со денешното време.