Димитров технички премиер?

by Fokus

Германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) прогнозира дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада, во анализата што ја пренесе „Дојче Веле“.

Каква ќе биде идната ситуација во Македонија, ФАЦ проценува дека се можни три сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата.

За втората опција, весникот пишува дека кандидат за премиер е некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поврзани новости