Димитров со „Солуција“ ќе ги решава проблемите на македонската политичка сцена

by fokus

Балкански центар за конструктивни политики Солуција e името на движењето кое Никола Димитров најавува дека наскоро ќе го објави, дознава МКД.мк.

Тој вчера за ТВ 21 најави дека ќе се врати на македонската политичка сцена, иако нагласи дека никогаш и не престанал да биде активен.

-Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидаm активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета, рече Димитров во вечерашното интервју за ТВ21.

Поврзани новости