611
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вели дека не може да има напредок во разговорите за одблокирање на македонските евроинтеграции, бидејќи Бугарија нè уценува и го крши Договорот за добрососедство меѓу двете земји.
„Големиот проблем за напредок во разговорите околу историјата и другите теми е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ и другите балкански народи имаат една изрека,која вели ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има почит и чувствителност на блискот. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров.