Димитров со колегите од регионот бара начин за враќање на затекнати граѓани во матичните земји

by Fokus

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, вчера и денес телефонски ги побарал министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срџан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг.

Тема на разговорите, како што информира Димитров, била соработката во насока на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји.

„Начелно се договоривме во рамките на националните политики и одлуки, да правиме се’ што можеме, за меѓусебно да си помогнеме во овој исклучително вонреден и тежок период“, напиша Димитров на фејсбук.

Поврзани новости