Димитров со детали од Договорот од Грција: Разбирањето на „македонски“ е во различен контекст на двете држави

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска пред јавноста ги презентираше сите аспекти од Договорот со Грција. Како што порача Димитров, терминот „македонски“ има различен контекст во Македонија и Грција.

„Влегувањето во сила на спогодбата со Грција е врзана со ратификавијата со Договорот. Двете држави разбираат и прифаќаат дека нивното разбирање на „македонски“ е во различен контекст. Во нашиот случај ја означуваат нашата територија, јазик, народ. Овде е јасно дека Македонја се однесува на нашата територија, народот и јазикот се македонски. Уставните амандмани ќе ги формлира Собранието на Македонија со двотретинско мнозинство. Поентите на четири амандмани се дека не ги чепкаме границите, нема да се чепка ништо од Илиденското востание, АСНОМ и референдумот од 1991“, истакна Димитров.

Тој ја прокоментира одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој порача дека нема да излезе да гласа на референдумот

„Искрено, не ме изненади одлуката на претседателот Иванов. Бојкотирањето е бегање од одговорност. Уставот не се брани со кршење. Должност е да се покаже патот“, додаде Димитров.

Поврзани новости