527
Носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, Никола Димитров го исполни своето демократско право и гласаше на изборното место бр. 2855 „Дом на градежните“ – Скопје.
-Силно светнал 15 јули, празникот на македонската демократија. По почетната излезност, ценам дека, македонските граѓани масовно излегуваат да го визираат нашиот европски пат. Денес граѓаните се тие што одлучуваат, тие одлучуваат да одиме напред. Да живеееме во слободна, европска, демократска, праведна и правна држава, да имаме економски раст и да одиме напред!, порача Димитров.