Димитров се сретна со неговиот холандски колега

by fokus

Вториот ден од работната посета на Хаг,  министерот за надворешни работи, Никола Димитров го заокружи со средба со Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија.

-Министерот Блок го поздрави периодот на стабилност во Р.Македонија, нагласувајќи ја потребата од континуиран напредок. Димитров ги образложи чекорите преземени од страна на Владата на Република Македонија на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна  поврзаност. Министерот Димитров нагласи дека ЕУ интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес, се вели во соопштението од МНР.

 Целосно го прифаќаме холандскиот строг и фер“ пристап кон ЕУ интеграцискиот процес. Тоа е формула која на Република Македонија и’ е потребна поради трансформација на државата во стабилна европска демократија“, рекол Димитров.

Димитров имаше обраќање и пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија. Пред холандските пратеници, Димитров нагласи дека намерата не е да се одбегнуваат  проблеми, туку истите да се решаваат. Министерот нагласи: Во однос на ЕУ интеграцијата, поважни од прашањето Кога?”се прашањатаКако?” и Што?” во остварување на реформски напредок.”

Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вим Хертс, на средбата со Димитров упати пораки на поддршка за НАТО членството на Република Македонија.

Министерот се сретна и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на Премиерот на Холандија, како и со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во холандското МНР.

Поврзани новости