Димитров – Рот: На ред е ЕУ да и помогне на Македонија за влез во европското семејство

by fokus

Време е ЕУ да и помогне на Mакедонија за влез во европското семејство, вие правите се што можете, а сега е на ред ние да го дадеме нашиот придонес, изјави државниот секретар за европски прашања на Германија, Михаил Рот, по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

„Првите чекори на Владата се во вистинска насока, но потребно е и опозицијата да се вклучи во процесот на нивното спроведување со цел да се напредува на патот на евроинтеграциите за што ја имате поддршката од Германија“, рече Рот на прес-конференцијата со Димитров.

Одговарајќи на новинарско прашање, Рот истакна дека доколку се испорачаат резултати во однос на бараните реформи, како и во однос на градењето на односите со соседите, тогаш Германија ќе биде обврзана да испорача од своја страна.

Поврзани новости