Димитров размислувал за протести пред Европската делегација

by fokus

Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Никола Димитров смета дека треба да се смири состојбата со протестите против францускиот предлог, да не се брза, а сите политички субјекти имаат одговорност да ја смират „топката“.

-Ни фали едно смирување на топката. Има по некои такви повици од различни места. Ова со насилство при манифестирање, при користење на уставно загарантирно право на слободно собирање и протестирање треба да не загрижува и сите политички субјекти имаат одговорност да ја смират топката, изјави вечерва  Димитров во „Само интервју“ на Канал 5.

Димитров рече дека не бил на протестите и додаде оти се мислел за тоа бидејќи имал повици од граѓани на социјалните мрежи. Додаде дека размислувал за протести, но не пред Владата, туку пред Европската делегација со македонското државно знаме и со знамето на ЕУ на некој начин повик кон ЕУ и потсетник за сопствените вредности.

Малку треба да се забави ова, како што рече, едно панично брзање.

-Ми пречи ова што овие „широки консултации“ се малку како фингирани. Како можеме реално сите аспекти да ги согледаме со време, со ладни глави, кога фали еден клучен дел во пакетот,  а тоа е билатералниот протокол, додаде Димитров. Посочи дека тоа е клучно зошто, како што рече, протоколот е вметнат во патот што се вели дека е европски.

 

Поврзани новости