495
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека се работи на тоа да се организира средба меѓу премиерите на двете земји Заев и Ципрас во блиска иднина.
Димитров рече и дека не е вообичаено и е надвор од дипломатската пракса преговарачот да излезе со коментар за предлозите, без притоа да се направи анализа на истите и рече дека потегот на нашиот преговарач Васко Наумовски е избрзана реакција.