Димитров: Последните назначени 10 амбасадори имаат 214 години дипломатски стаж, амбсадорите кои ги испрати ДПМНЕ имаат вкупно 28 години стаж

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров попладнево одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека МНР тоне во хаос со назначувањето на нови амбасадори. Димитров направи споредба со годините дипломатски стаж кои ги имаат амбасадорите кои ги испраќа оваа Влада и оние кои ги испраќаше претходната.

-Здружението пак држело прес пред МНР. Сакам да ја искористам оваа прилика, да го објавам следново, за народот да си носи заклучоци. “Нашите” последни десет амбасадори, имаат вкупен дипломатски стаж 214 години. “Нивните” последни испратени во 2014 година, имаат вкупен дипломатски стаж 28 години. И кој се залага за професионализација? Отвори се земјо … човек да се бори, да не каже нешто полошо. Беда …, напиша Димитров.

Според податоците кои ги презентираше Димитров, 10 амбасадори кои се испратени најдоцна до 2014 година, имаат стаж вкупно 28 години, од кои еден со 22, еден со 4 години, еден со 2 и седум амбасадори со нула работен стаж.

Од друга страна, 10 амбасадори кои се испратени од 2019 година имаат вкупно 214 години стаж. Од нив седум се со стаж меѓу 20 и 27 години, еден е со стаж од 18 години, еден со 17 и еден со 12 години работен стаж.

Поврзани новости