Димитров: Подобар договор за грчката страна ќе значи полош за македонската и обратно

by Fokus

Екс министерот за надворешни работи – Никола Димитров, еден од потписниците на Преспанскиот договор вечерва во гостување на ТВ24 рече дека дека за првпат по потпишувањето и влегувањето на сила на Преспанскиот договор, од двете страни има критики за тој договор.

– Имплементацијата не е сјајна од двете страни, толкувањето е што точно е официјална употреба, што точно е официјален контекст. Не мислам дека во една реченица треба да се повтори Северна Македонија, но има чинови коишто ретко може да се наречат неформални. Еден таков чекор е заклетвата, особено имајќи го предвид контекстот, најавите во кампањата и доаѓа една нова политичка сила која што не е помирена со Преспанскиот договор. Затоа беше голема тежината на тој чин. Не личи дека било која од двете страни сака да го сруши овој договор. Двете страни велат дека не се среќни со тоа. Подобар договор за грчката страна ќе значи полош за македонската и обратно. Затоа станува збор за компромис кој по пет години направи ситуација во која што на Грција не се гледа како закана. Времето покажува дека Договорот ги смирува работите, не ги ескалира за разлика од односите со Бугарија – рече Димитров.

Поврзани новости