Димитров: Откако корона вирусот ќе биде зад нас, ние ќе имаме европска иднина пред нас

by Fokus

Фактот што ЕУ покажа волја, енергија и сила да донесе одлука за старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија во овие тешки времиња е многу важен сигнал за нас, изјави министерот за надворешни, Никола Димитров за бриселскиот портал „Политико“.

– Откако корона вирусот ќе биде зад нас, ние ќе имаме европска иднина пред нас. Тоа е зрак на светлина во оваа темнина што е насекаде околу нас, нагласува Димитров, по вчерашната одлука на министрите за европски прашања на ЕУ дека Македонија треба да започне преговори за членство без никакви дополнителни услови.

Коментирајќи ја вчерашната одлука на европските министри, „Политико“ наведува дека тоа е „доказ оти блокот од 27 члена може да постигне договор за тема што долго време предизвикуваше поделби, дури и кога Европа е во состојба на криза поради корона вирусот“.

– ЕУ останува оперативна, ја пренесува порталот изјавата на хрватската државна секретарка за европски прашања, Андреја Метелко-Згомбиќ.

Поврзани новости