Димитров: Нема доказ за постоење македонски народ и македонска држава

by fokus

Република Северна Македонија не покажува подготвеност да работи врз база на историски принципи, на наука и историја. За нив тоа е лизгав терен.

Нема ниту еден историски доказ којшто говори за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самоил бил македонски цар, вели претседателот на бугарскиот тим во заедничката македонско-бугарска комисија, Ангел Димитров во изјава за БТВ.

Според него, Македонија не е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ.

-Би сакал да кажам дека Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа, објаснува Димитров.

Запрашан за иднината на заедничката македонско-бугарска комисија дека колку и да изгледа непродуктивна, го привлекува вниманието на јавноста и во двете држави.

Тој најави дека в четврток и в петок ќе се одржи следната седница на заедничката историска комисија.

-Ќе разговараме за тоа за што разговараме веќе пет седници по ред. Заглавивме во 10-11 век, крајот на Првото бугарско царство, времето на Цар Самоил и неговите наследници. Не остана време за зборуваме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, изјавил Димитров.

Поврзани новости