Димитров: Не може друг да ни каже кои сме, бараме елементарна почит од Бугарија

by Фокус

На македонскиот народ никој не може да му каже кои сме ние и каков јазик зборуваме, порача вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров на Канал 5.

-За нашиот македонски јазик, Мисирков пишува уште во 1903 година, јазикот е кодификуван 1945 година, беше еден од официјалните јазици во СФРЈ, сега е во Обединетите нации и во Европската унија. Значи, на македонскиот народ денес никој неможе да му каже – друг народ, соседен, друга држава, трета или четврта , па и меѓународна организација кои сме ние и каков јазик зборуваме. Тоа прашање е внатрешна работа, наша работа.  Зборувам за меѓународно право, зборувам за европско право – рече Димитров.

Според него, клучно за соседна Бугарија е да не прифати кои сме, бидејќи, како што вели, тоа многу ќе помогне во развивањето на пријателството.

-Ако ние кај што ни е најважно, кај што ни е најсвето, сме чепкани и притискани со прст, многу тешко ќе биде да развиваме вистинско пријателство. Мора да се разбере нашето право на самоопределување. Очекувањата се дека  нашите пријатели ќе го почитуваат изразот на нашето право на самоопределување е многу базично. Ние бараме една елементарна почит да ни го почитуваат достоинството, бидејќи ние имаме заедничка историја.  Има и личности што заедно ги славиме, важни се за македонскиот народ, важни се за бугарскиот  народ. Ама сакаме да имаме и заедничка европска иднина – изјави Димитров.

 

Поврзани новости