518
Откако во јавноста беше пласирана лажна вест дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров си поднел оставка, со реакција се јави и лично тој.
-Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и’ дошло времето. Ќе ни’ ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни’ ја биде!, напиша Димитров на својот Фејсбук профил.