Димитров: Не бевме совршени, но направивме големи чекори напред

by Фокус
Никола Димитров, носителот на листа на коалицијата предводена од СДСМ во првата изборна единица, на првиот ден на изборната кампања рече дека за три години државата е нормализирана.
-Не бевме совршени, посочи, но факт е дека направивме големи чекори напред. Меѓу назад кон слепата улица и напред кон успешна европска демократија мислам дека изборот на граѓаните не е тежок. Поразот на опозицијата ќе биде добра работа не само за државата туку и за самите нив, нужни се длабоки реформи во нивната матрица – рече Димитров.

Поврзани новости