495
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, утре ќе престојува во работна посета на Република Австрија.
Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, предвидено е Димитров да се сретне и со членови на Комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален Совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија.