Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими во проштална средба aмбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли.
Министерот Димитров му врачи благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на американско-македонското пријателство и блиска соработка.
Тој, исто така ја нагласи важната улога, поддршка и верба на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава. Во оваа насока, ја истакна благодарноста за континуираната поддршка од САД на евро-атлантскиот пат на Република Северна Македонија.
Амбасадорот Бејли го истакна своето задоволство што по четири години, заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ. Изрази уверување дека со влезот на Северна Македонија во НАТО, ќе се иполни визијата на САД за мирен, стабилен и попросперитетен регион.