Димитров: Мора да се обидеме да го вратиме Груевски

by fokus

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров се наоѓа во Брисел, каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО. Тој ќе има и средба со унгарскиот колега Сијарто, што ќе биде прв состанок на високо ниво меѓу Скопје и Будимпешта откако владата на Виктор Орбан реши да му одобри политички азил на Груевски.

– Ние, за жал, дури и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, меѓутоа и генерално, сите претставници на држави, во полето на меѓународни односи, немаме многу простор. Делуваме меѓу разни столбови коишто се интересите, меѓу принципи коишто се исто така на некој начин столбови, и во тие рамки, уметност на можноста е како да ја туркате работата кон своето, ама да не ги повредите столбовите. А за средбата (со Сијарто н.з.) ќе биде малку слично на ова што го опишав. Ние имаме компатибилни интереси од една страна со Унгарија, таа е држава што долго време ја поддржува европската и евроатланската интеграција на целиот Балкан, меѓудругото во тие рамки и на Македонија. Од друга страна, имаме една крупна разлика во однос на целиот случај околу Никола Груевски. Јас мислам дека ние мора да продолжиме со сите правни средства, со сите политички средства, да се обидеме да го покриеме нашиот интерес, да го вратиме Груевски во системот на владеење на правото во Македонија, без притоа да го срушиме овој интерес каде што ни се поклопуваат ставовите со Унгарија. Особено месеци пред да зачекориме одлучно кон членството кон НАТО, да започнеме преговори со ЕУ итн – рече Димитров во интервју за „360 Степени

Поврзани новости